Корисничко име Лозинка Пријави се
16.2.2017

Игор Тудор нов тренер на Галатасарај

Некогашниот фудбалер на Хајдук од Сплит и на Јувентус ќе биде нов тренер на турскиот гигант.

Игор Тудор го напушти Карабукспор и стигна во Истанбул, каде што синоќа го одржа првиот тренинг со неговиот нов клуб Галатасарај.
Тој на функцијата тренер ќе го наследи Норвежанецот Јан Олде Рјекеринк, кој неодамна доби отказ.
Хрватскиот стручњак денес, кога ќе биде и промовиран, ќе потпише договор на година и пол. Според договорот, до крајот на сезоната ќе има месечна плата од 100.000 евра, додека наредната сезона ќе заработи околу еден милион евра.
Од него се очекува да ја врати екипата во форма бидејќи во последно време бележи очајни резултати, а голови прима главно од прекини.
Тудор работеше како помошник на Славен Билиќ во репрезентацијата на Хрватска, две сезони го тренираше Хајдук од Сплит, додека една сезона помина во ПАОК, а минатата година го презеде турскиот Карабукспор, од каде што дојде во Галатасарај.

Најнови вести