Корисничко име Лозинка Пријави се
16.12.2013

Лига на Европа: Пандев и Наполи против Свонси

Одредени се паровите на шеснаесетфиналето на Лигата на Европа – Наполи го доби Свонси, Бенфика ќе игра против ПАОК, додека Валенсија ќе се сретне со Динамо од Киев.

За нас интересен ќе биде дуелот меѓу Свонси и Наполи – Пандев ќе има шанса да се проба против премиерлигашки клуб. Лацио ќе игра против Лудогорец, а Черноморец со Олимпик од Лион, а Тотенхем го доби Днипро.
Ривал на домаќинот на финалето, италијанскиот шампион Јувентус, ќе биде Трабзонспор, Шахтар ќе игра против Викторија П’лзењ, а Порто со Ајнтрахт. Фиорентина не би требало да има проблеми против Есбјерг. Интересен дуел ќе биде средбата Бетис и Рубин.
Интересни парови би можело да имаме и во осминафиналето. Тогаш може да ги гледаме средбите меѓу Тотенхем и Бенфика, италијанското дерби меѓу Јувентус и Фиорентина, градското дерби на Севилја, дуелите Лацио и Валенсија, Порто и Наполи, Олимпик Лион и Шахтар...
Првите натпревари ќе се играат на 20-ти, а реваншите на 27-ми февруари следната година. Натпреварите од осминафиналето ќе се играат на 13-ти и 20-ти март, четврт-финалето на програмата е на трети и десетти април, а полуфиналето на 24-ти април и први мај.
Финалниот натпревар на програмата е на 14-ти мај на „Јувентус Стадиум“ во Торино.

Лига на Европа, шеснаесетфинале:

Днипро – Тотенхем
Бетис – Рубин Казањ
Свонси – Наполи
Јувентус – Трабзонспор
Марибор – Севилја
Викторија П’лзењ – Шахтар Донецк
Черноморец Одеса – Олимпик Лион
Лацио – Лудогорец
Есбјерг - Фиорентина
Ајакс – Салцбург
Макаби Тел Авив – Базел
Порто – Ајнтрахт Франкфурт
Анжи – Генк
Динамо Киев – Валенсија
ПАОК – Бенфика
Слован Либерец – АЗ Алкмар

Парови на осминафиналето:

Слован Либерец/АЗ Алкмар – Анжи/Генк
Лацио/Лудогорец – Динамо Киев/Валенсија
Порто/Ајнтрахт Франкфурт – Свонси/Наполи
Черноморец Одеса/Олимпик Лион – Викторија П’лзењ/ Шахтар Донецк
Марибор/Севилја – Бетис/Рубин Казањ
Днипро/Тотенхем – ПАОК/Бенфика
Макаби Тел Авив/Базел – Ајакс/Салцбург
Јувентус/Трабзонспор – Есбјерг/Фиорентина

Најнови вести