Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2018

Тричковски и Мојсов со АЕК се враќаат со реми од Словачка

Македонскиот репрезентативец ги одигра сите 90 минути

Екипата на АЕК Ларнака, во чии редови сите 90 минути ги одиграа Иван Тричковски и Даниел Мојсов, одигра 1-1 на гостувањето кај Тренчин во првиот меч од плејофот за пласман во групната фаза во Лигата на Европа.
Во претходните четири меча од квалификациите за ЛЕ, Тричковски даде шест гола, но вечерва беше тивок. Тренчин поведе во 55-тата минута, но само пет минути подоцна АЕК Ларнака израмни на 1-1, што се покажа како конечен резултат. Тоа значи дека Тричковски и Мојсов со нивната екипа имаат поволен резултат од гостувањето во Словачка. 
Во мечевите кои досега завршија: Торпедо – Лудогорец 0-1, Зенит – Молде 3-1, АПОЕЛ – Астана 1-0, Шериф – Карабах 1-0, Сигма – Севилја 0-1, Судува – Селтик 1-1, Сарпсборг – Макаби Тел Авив 3-1. 

 

Најнови вести