Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2018

Прво реванш во Кипар, па казна за Штурм

Австрискиот клуб го чека ригорозна казна за инцидентот кога неговите навивачи тешко повредија судија

Европската фудбалска унија, УЕФА, отвори дисциплинска постапка против клубот Штурм од Грац, поради повредата која еден навивач на овој австриски клуб му ја нанесе на помошниот судија Фредрик Клајвер, на синоќешниот меч против АЕК Ларнака од квалификациите за Лига Европа. Во 78, минута, при резултат 2:0 за гостите, за кои вториот гол го даде Иван Тричковски, од трибината летна лименка полна со пиво и го погоди судијата во слепоочницата.
Откако на судијата со раскрвавената глава му беше лекарска помош, средбата беше прекината, па продолжи со друг помошен судија. Мечот заврши со 2:0, а УЕФА реши казната за Штурм да ја одреди дури в петок, еден ден после реваншот на овие два клупа на Кипар. 
Штурм е обвинет за неспортско однесување и кршење на Членот 16 од Дисциплинскиот правилник на УЕФА, а надлежните тела во европската куќа на фудбалот, одлуката ќе ја донесат на 17 август. 

 

Најнови вести