Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2018

Покажаа дека повеќе не се аутсајдери

Некои уште мислат дека се келнери, рибари и пожарникари, а тие ја победија Легија во Полска

Кога ќе се споменат екипите кои доаѓаат од Луксембург, многумина сметаат дека тоа се вистински аутсајдери без разлика кој е нивниот противник. Сепак, синоќа уште еднаш се потврди дека токму тие екипи знаат да го направат најголемото изненадување. 
Екипата на Дуделанж блесна на гостувањето кај полскиот шампион, Легија во Варшава. Гостите уште од самиот почеток беа подобри на теренот и заслужено поведоа со 1:0 со голот на Кутерие во 24 минута. Легија брзо израмни на 1:1, што беше резултат на полувремето. 
Еден од клучните моменти се случи во 44 минута, кога Легија остана со играч помалку по директниот црвен картон што го доби Астиз. Гостите од Луксембург ја искористија предноста од еден играч повеќе на теренот и со голот на Турпел во 62 минута од пенал, стигнаа до 2:1, што на крај се покажа како конечен резултат. 
Вториот претставник на Луксембург во квалификациите од Лигата на Европа, тимот на Прогрес загуби со 2:1 на гостувањето кај Уфа во Русија, но и тоа е резултат кој им дава шанси дека може да продолжат понатаму. Колку за потсетување, Прогрес е тимот кој минатата сезона го елиминираше Глазгов Ренџерс, а за една недела ќе знаеме дали е ред на Дуделанж да направи изненадување и да ја елиминира Легија Варшава, шампионот на земјата која беше дел од Светското првенство во Русија. 

 

Најнови вести