Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2018

Меч на денот – Барнли очајно бара рецепт за погодок, Башакшехир не знае како да не прими гол на гости

Барнли и Башакшехир ќе се обидат да го поправат впечатокот од првиот дуел без голови на денешниот реванш-меч за пласман во фазата на плејофот во Лигата на Европа

Барнли има голем проблем со неефикасноста на стартот од новата сезона, а проблемот мора итно да се надмине ако сака англискиот клуб да игра во Лигата на Европа. Менаџерот Шон Дајш има многу проблеми со повреди на играчите, на првиот меч во Истанбул против Башакшехир имаше само 17 фудбалери подготвени за настап, но успеа да обебзеди добар резултат, 0-0 за реваншот во Англија. Но, Барнли има мака со постигнување голови, а стрелците како да имаа продолжен летен одмор на  последните три меча. Популарните „кларетс“ сакаат барем малку да се потсетат на последната европска авантура од сезоната 1966/67, кога остварија шест победи и само еднаш беа поразени на домашен терен.
И денеска се домаќини, но и одличниот состав од Истанбул има победнички амбиции. Башакшехир е клуб во подем, лани за еден гол не успеа да се пласира во фазата по групи во Лигата на шампионите, а Севилја беше поумешна и може да се каже и посреќна. Сега целта е пласман во фазата по групи во Лигата на Европа, втора година по ред, но и турскиот клуб си има свои проблеми. Има неколку важни играчи кои се повредени, а и традицијата им е проблематична. На претходните 8 натпревари во еврокуповите на гостински терен, Башакшехир секогаш примал најмалку еден гол и вкупно 17 пати му се тресела мрежата. Куриозитет на првиот меч беше податокот дека играчите на Барнли ниту еднаш не шутнаа во рамките на домашниот гол, но англиските екипи се сосема поинакви кога играат на домашен терен. А, досега Башакшехир нема многу успеси на гостувањата во европските купови и е само со една победа кога играл надвор од Истанбул. Гол(овите) вечер на „Тарф Мур“ во Барнли ќе вредат многу со оглед на проблемите со кои се соочуваат офанзивните линии на двата тима. Барнли е фаворит и коефициентот за победа на англискиот тим во нашите обложувалници е 2,25. Ремито се  вреднува со квота 2,95, додека победата на Башакшехир е со коефициент 3,50.

 

Најнови вести