Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2018

Џебали: Нема поубаво од деби со гол

Исам Џебали за првпат играше на арената „Леркендал“, домашниот стадион на Розенборг, и, за жал на Шкендија, претставувањето пред навивачите на норвешкиот првак мина со прекрасен гол на Тунижанецот

Џебали со прекрасен лоб удар во 11-тата минута му донесе предност на Розенборг, а ремек-делото на Тунижанецот го изненади Захов и Шкендија уште на стартот од мечот имаше негатива.
„Нема поубаво кога на домашната публика ќе ѝ се претставиш со гол. И тоа со еден од најубавите што воопшто сум ги постигнал во кариерата. Ќе го паметам по добро мечот со Шкендија, но сега мораме да бидеме внимателни. Гостите играа добро и сè уште ништо  не е завршено, иако верувам дека сме подобри од Шкендија и дека ќе се пласираме во Лигата на Европа“, изјави Џебали.
Тој пристигна во Розенборг летово од шведскиот Елфсборг и дебитираше на меч од норвешкото првенство против Кристијансунд на гостински терен. И на официјалното деби постигна гол, во триумфот на Розенборг со 2-0, а прецизно стрелаше и со Шкендија, за ефективен учинок, со два гола на првите два меча за Розенборг.
Реваншот меѓу Шкендија и Розенборг ќе се игра во Скопје на 30-ти август, а очигледно е дека тетовци ќе мора посебно да внимаваат на опасниот 26-годишен стрелец на норвешкиот првак.

 

Најнови вести