Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2018

Шкендија загуби од Розенборг, но шансите останаа

Македонскиот првак беше поразен со 3-1 на гости во Трондхајм

Екипата на Шкендија со 3-1 загуби на гостувањето кај Розенборг, во првиот меч од плејоф-борбата за влез во групната фаза од Лигата на Европа. Македонскиот првак покажа две различни лица на дуелот во Трондхајм. 
Во првото полувреме Розенборг лесно создаваше шанси пред голот на Захов, а тоа резултираше и со три погодоци. Во 11-тата минута Исам Џебали со феноменален лоб-удар од околу 25 метри донесе водство на домаќините. Захов беше изненаден од таквиот удар и мораше да ја вади топката од својата мрежа. Само неколку минути подоцна, односно во 15-тата минута, Никлас Бентнер зголеми на 2-0, а веќе во 44-тата минута Норвежаните имаа предност и од 3-0, благодарение на голот на Леви. 
Во вторите 45 минути ситуацијата на теренот беше многу поинаква. Шкендија заигра многу подобро и создаде неколку шанси за погодок, но не ги искористи. Тетовци, сепа,к се радуваа во 76-тата минута, кога Жуниор погоди за 3-1. Овој гол може многу да значи за македонскиот првак пред реваншот, кој следната недела се игра во Скопје. 
Од останатите мечеви во квалификациите за пласман во групната фаза од Лигата на Европа, Генк се стекна со најубедлива предност по првиот дуел против Брондби, откако на свој терен победи со 5-2. Олимпија Љубљана загуби со 2-0 пред домашната публика од Трнава, додека Партизан во Белград одигра 1-1 против Бешикташ. Рапид со 3-1 ја победи Стеауа, Зорја ремизираше без голови со Лајпциг, а истиот резултат беше и на дуелот Гент – Бордо. Ренџерс минимално со 1-0 го победи рускиот тим на Уфа. 

 

Најнови вести