Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2018

Тимот од Луксембург стана за респект во Европа

Екипата на Дуделанж е на чекор од влез во групната фаза од Лигата на Европа

Дека воопшто не е за потценување, екипата на Дуделанж покажа уште еднаш вечерва, откако со 2-0 славеше против Клуж во првиот меч од плејофот за влез во групната фаза од Лигата на Европа. 
Во последните неколку години, Дуделанж знаеше да направи по некое изненадување, а сезонава покажува дека е зрел да биде и во групната фаза од второто по ранг натпреварување во Европа.
На свој терен екипата од Луксембург победи со 2:- против фаворизираниот гостин од Романија. Клуж се надеваше дека ќе стигне до позитивен резултат од ова гостување, но така не мислеа домаќините. 
Најпрво, Турпел со гол во 67-мата минута стигна до водство од 1-0, а потоа погоди и Синани за 2-0, во пресрет на реваншот во следната недела во Романија. 
Аталанта не успеа да го скрши отпорот на Копенхаген и одигра без голови. Предноста на свој терен ја искористија Базел и Олимпијакос. Базел се намачи, но на крајот со 3-2 го победи Аполон од Кипар, додека грчкиот тим со 3-1 беше подобар од англискиот премиерлигаш Барнли. 

 

Најнови вести