Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2018

Николиќ бара засилувања за Види, Николов ќе има поголема конкуренција

Популарниот Видеотон, или од неодамна Види МОЛ, забележа значен успех и се наоѓа на чекор од пласман во Лигата на шампионите, а има сигурен настап во Лигата на Европа, па најавите велат дека е време и за засилувања

Марко Николиќ, тренерот на Види МОЛ,  најави дека клубот сериозно ќе се засили по обезбедениот европски настап, најмалку во фазата по групи во Лигата на Европа и настапот во плејофот за учество во Лигата на шампионите. Нашиот репрезентативец Бобан Николов веројатно ќе добие сериозна конкуренција за место во составот, но со одличните игри нема од што да стравува.
„Овие момчиња се неверојатни. Направија феноменален успех и тие, секако, ќе бидат костурот на тимот. Сепак, за посериозен исчекор ќе ни требаат и засилувања, а август е вистински месец за да купиме нови играчи. Се гордеам со моите избраници, а засилувањата само ќе ја засилат конкуренцијата“, изјави Николиќ.
По 6 години пауза, МОЛ Види е првиот унгарски состав што ќе игра во фазата по групи во едно од двете реномирани натпреварувања. Македонскиот репрезентативец Николов е една од главните алки во составот, а тој втора година по ред ќе биде учесник на големата европска клупска сцена, откако лани со Вардар запиша историја и прв настап во Лигата на Европа.

 

Најнови вести