Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2018

Гаја: Не личиме на Валенсија, примивме гол и нè снема од теренот

Хосе Луис Гаја го критикуваше својот и настапот на соиграчите од Валенсија против Еспањол и особено лошата игра на „лилјаците“ во второто полувреме

Еден од капитените на Валенсија, Хосе Луис Гаја е незадоволен од играта и поразот од Еспањол, па остро го критикуваше својот и настапот на соиграчите вчера, во мечот од второто коло во шпанската Ла Лига.
„Ваква игра не ѝ доликува на Валенсија. Тоа играчите мора да го знаат. Одигравме одлично прво полувреме, потоа примивме гол во второто и нè снема од теренот. Тоа е недозволиво за квалитетот што го поседуваме и за клуб со реноме какво што има Валенсија. Не смееме веќе да ги повторуваме грешките“, изјави Гаја.
И 23-годишниот бек на Валенсија се вклопи во сивилото, во второто полувреме, во поразот од Еспањол со 0-2, па критиката, како што изјави, се однесува на сите играчи на Валенсија.
По две кола, оваа екипа има само еден бод, по ремито 1-1 со Атлетико Мадрид, на стартот од новото издание на Ла Лига.

 

Најнови вести