Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2018

Трилер за реми во Валенсија, Барди блескаше

Енис Барди одигра одличен меч за Леванте во градското дерби со Валенсија, а мечот по многу возбудувања заврши без победник, 2:2

Македонскиот репрезентативец Енис Барди одигра одлично за Леванте на градското дерби со Валенсија и со прекрасна асистенција даде придонес во ремито, 2:2 против фаворизираните гости.
Леванте двапати водеше, за вториот гол Барди прекрасно со долга топка го пронајде Роџер Марти, а двојниот стрелец за домаќините лесно погоди. Валенсија двапати израмнуваше со головите на Черишев и на Парехо од пенал, а во финишот петнаесеттина минути играше со фудбалер повеќе. Исклучен беше Коке, но гостите не успеаја да го скршат отпорот на Леванте.
За Барди ова е прва асистенција во новото издание на Ла Лига, а со играта против Валенсија најавува дека ќе биде во препознатлив елемент. Лани во првата сезона во Шпанија, Енис постигна 9 гола и беше вистинско откровение во Ла Лига.
Леванте по три кола има по една победа, реми и пораз и е на делба на четвртата позиција со 4 бода. Валенсија е го дели 14. Место со Валјадолид.

 

Најнови вести