Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2018

Хирона го налути кралот, па му се поклони

Реал Мадрид го забележа и вториот триумф во Ла Лига, а вечерва е победена Хирона со 4-1 на гостински терен

Поранешниот играч на Реал Мадрид, Борха Гарсија, постигна гол за Хирона против својот матичен клуб, но потоа сè беше во знакот на Кралскиот клуб од Мадрид. Каталонците со водечкиот гол го разлутија актуелниот европски првак и потоа примија четири погодоци.
Серхио Рамос беше прецизен од белата точка во 39-тата минута, за нерешено 1-1 по првиот дел, а потоа следуваше голеада на гостите. Бензема двапати и Бејл еднаш ја погодија мрежата на Боно за убедлива победа на фаворитот.
Реал и Барселона, како најголеми фаворити за шампионската титула во Шпанија, се единствени кои имаат максимален учинок, но можат да им се приклучат на врвот и Леванте, Уеска или Атлетик Билбао со победи во денешните последни два меча од второто коло. Леванте ќе игра со Селта дома, а Атлетик ќе ѝ биде домаќин на Уеска.

 

Најнови вести