Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2018

Ќе гори Севилја – Ново „Ел Гран“ дерби меѓу Бетис и Севилја

Бетис и Севилја ќе играат ново градско дерби, вечерва од 20,45 часот на „Бенито Вилјамарин“, а ова е најран термин за една од најпознатите градски пресметки по цели 30 години.

Посебна е атмосферата во Севилја кога меѓусебе играат големите и лути ривали, Бетис и Севилја.
Вечерва од 20,45 часот на ред е ново „Ел Гран“ дерби, нешто што во фудбалот, особено во градот Севилја предизвикува огромно внимание. 
Колку е важно да се добие дербито и колкав е ривалитетот доволно говори податокот дека во одреден период гостинските навивачи не доаѓаа на трибините, за да не ја полнат касата на ривалот. Звучи чудно, но е вистинито.
Во последните години се сменија работите, па лани навивачите на Бетис се радуваа на победата од 5:3 во феноменален меч на „Санчез Писхуан“, домот на Севилја.
Вечерва ќе се игра на стадионот на Бетис, „Бенито Вилјамарин“. И распоредот сакаше да се игра во рана фаза, како дерби на третото коло во Ла Лига, што е најран термин за познатото „Ел Гран“ дерби во последните 30 години. Во сезоната 1987/88 Бетис и Севилја играа меѓусебе во првата рунда од шпанското првенство. 
Бетис пред новото градско дерби има многу поголеми кадровски проблеми од ривалот. На листата отсутни се Карвалјо, Хоакин, Гарсија, Квадрадо, Федал и Жуниор, додека кај Севилја ќе ги нема Ескудеро и Амаду.
Ривалитетот носи и речиси израмнети коефициенти за победа на двете екипи. Во нашите обложувалници триумф на Бетис е со коефициент 2,75, ако гостите победат ќе си ги помножите парите со квота 2,50, а ремито вреди 3,50.

 

Најнови вести