Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2018

Леванте добива подарок од Реал Мадрид

Борха Мајорал би требало да игра со Енис Барди во текот на сезонава

Напаѓачот на Реал Мадрид, 21-годишниот Борха Мајорал, сезонава ќе игра во дресот на Леванте и ќе му биде соиграч на македонскиот репрезентативец Енис Барди. 
Откако Реал го купи Маријано Дијаз, на кого му го даде дресот со бројот 7 и покажа дека сериозно смета на него во ротацијата со Карим Бензема, Мајорал стана трета опција и сфати дека за него нема место и минутажа би добил само на не толку важни мечеви. 
За Мајорал не е ништо ново да игра како позајмен. Во сезоната 2016/17, Мајорал играше како позајмен за бундеслигашот Волфсбург. Леванте нема да има опција да го откупи Мајорал наредното лето, туку Борха ќе мора да се врати во мадридскиот клуб. 
И Алавес и Севилја се спомнуваа како можни варијанти, но се чини дека до крајот на денов, кога завршува преодниот рок, Мајорал ќе биде преселен во клубот од Валенсија. Тренерот Лопетеги изјави дека Реал нема веќе да купува играчи, а како единствена опција за промена во составот спомна дека има можност Мајорал да биде позајмен во друг шпански прволигаш. 

 

Најнови вести