Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2018

Столе Димитриевски ќе брани во Ла Лига

Македонскиот репрезентативец потпиша за Рајо Валјекано

Македонскиот репрезентативец голман, Столе Димитриевски, следната сезона ќе го чува голот на Рајо Валјекано. Шпанскиот прволигаш го позајми од Гимнастик за оваа сезона, со можност за целосно откупување на неговиот договор. По, Енис Барди, Димитриевски ќе биде вториот Македонец кој ќе игра во најсилната шпанска лига.

За неговите услуги се интересираше и Еспањол, но Столе го одбра клубот кој сезонава ќе има задача да се избори за опстанок во Ла Лига. Во кариерата има настапувано за Работнички, Гранада и Кадиз, пред да се пресели во Гимнастик.

Дваесет и четиригодишниот чувар на мрежата ќе добие шанса да дебитира за Рајо по завршувањето на обврските со репрезентацијата во Лигата на нации, каде Македонија се соочува со Гибралтар и Ерменија на 6-ти, односно 9-ти септември.

 

Најнови вести