Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2018

Растат платите во Барселона, буџетот ќе оди на ребаланс

Барселона има суперквалитетна екипа и скапо платени фудбалери од највисок ков, па сега e загрозен планираниот буџет на клубот, особено што Серхио Бускетс и Иван Ракитиќ веројатно ќе ги обноват договорите со подобрени услови

Планираниот трошок за плати на играчите во Барселона во однос на приходите се движи до 84 проценти, но сега e загрозен предвидениот баланс во буџетот на каталонскиот и шпански гигант.
Деновиве се очекува Серхио Бускетс и Иван Ракитиќ да ги обноват договорите со подобрени услови за двајцата играчи и, секако, поголеми плати. А, тука веќе е мега ѕвездата Лионел Меси како најскапо платен фудбалер на Барелона. Зад него се Луис Суарес, Жерар Пике и Кутињо, а сега во тој ранг ќе бидат и Бускетс и Ракитиќ, за кого се очекува да остане во клубот, иако и за него и за Бускетс има интерес од ПСЖ. Проблемот на Барселона е што од ланската екипа ги нема само Маскерано и Иниеста, па пораснаа трошоците за плати. И сега ќе треба да се бара чаре за дополнителни приходи во клубот, ако раководството на Барселона сака да го задржи балансот од околу 84-85 проценти разлика во односот меѓу трошоците за плати на играчите и вкупните приходи.

 

Најнови вести