Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2018

Сефте за Хетафе во Ла Лига, Еибар не шутна на гол

Хетафе успеа да се рехабилитира за поразот на стартот од шпанската Ла Лига и со победа од 2-0 против Еибар ги освои првите бодови

Во премиерниот меч од второто коло во најдобрата шпанска лига, Хетафе на домашен терен го победи Еибар со 2-0. Со два гола во вистински момент, на почетокот и во финишот на мечот, составот од Мадрид успеа да ги прокнижи првите бодови во новото издание на популарната Ла Лига.
Анхел со прецизен удар во 18-тата минута го отвори резултатот, а резервниот фудбалер Хохе Молина со гол во 90-тата минута ја запечати победата на Хетафе.
Еибар има два порази во низа на стартот од новата сезона, а и по четврти пат не успеа да го победи Хетафе во меѓусебните натпревари. И како куриозитет на вечерашниот меч, гостите од Баскија не упатија ниту еден директен удар кон голот на Хетафе, што е вистински раритет за една од насјилните лиги на светот.
 

Најнови вести