Корисничко име Лозинка Пријави се
26.6.2013

Хуб Стевенс нов тренер на ПАОК од Солун

Холандскиот 59-годишен фудбалски тренер Хуб Стевенс стана нов стратег на ПАОК од Солун. За Стевенс тоа ќе биде деветти клуб по ред кој ќе го тренира во кариерата.

Кон крајот на минатата година Стевенс доби отказ во германскиот клуб Шалке и оттогаш е без работа. Но, ова лето доби нов ангажман, по што изјави:
„ПАОК е добар и одлично организиран клуб. Среќен сум што доаѓам во тој клуб бидејќи ни се поклопија и идеите и мотивите. Спремен сум за голема работа и остварување на сите клупски желби“, изјави Стевенс.
Стевенс, меѓу останатото, во текот на кариерата работеше во: Келн, Хамбургер, ПСВ Ајндховен, Ред Бул Салцбург и во Шалке, со кого во првиот мандат кога беше таму го освои Купот на УЕФА во 1997 година.
ПАОК минатата сезона го освои второто место во грчкото првенство.

Најнови вести