Корисничко име Лозинка Пријави се
31.7.2018

Макс Мајер го одбра Кристал палас

Германскиот играч за врска Макс Мајер моментно е во финална фаза од преговорите со Кристал палас, чиј член би требало да стане во летниот преоден рок.

Според договорот на премиерлигашите, летниот преоден рок ќе трае до деветти август, па забрзано се водат преговорите со играчите бидејќи нема многу време. Но, Макс Мајер е слободен играч откако го напушти Шалке на крајот на минатата сезона.
Мајер претходно во април ја критикуваше управата на клубот од Гелзенкирхен, на прво место спортскиот директор Кристијан Хајдел, по што и беше извесно дека нема да остане во Шалке.
„Едноставно, не сакав да останам во Шалке и да работам под Хајдел“, изјави тогаш Мајер, кој се пожали на мобинг.
Дваесет и двегодишниот фудбалер беше стандарден член на Шалке од 2013 година, каде што претходно и ја почна јуниорската кариера.
Се шпекулираше дека Макс Мајер го бараат Тотенхем, Арсенал и Ливерпул, но сега е извесно дека ќе оди во Кристал палас.

Најнови вести