Корисничко име Лозинка Пријави се
25.11.2017

Дортмунд без победа во Бундеслигата од септември

Борусија од Дортмунд се наоѓа во лоша форма бидејќи не знае за победа во Бундеслигата уште од 30-ти септември, кога го совлада Аугсбург со 2-1.

Оттогаш екипата на Петер Бош нема забележано триумф во шампионатот, односно пет натпревари е без добар резултат и падна на петтото место.
На ваквите резултати доста влијаат и повредите, кои ги има премногу во редовите на Дортмунд. Надвор од редовите се: Ројс, Роде, Пишчек, Дурм и Ларсен, додека против Шалке веројатно нема да играат ниту Бирки и Исак.
Дортмунд лошата низа со резултати би можело да ја прекине токму против Шалке, кој моментно е второпласирана екипа во Бундеслигата и се наоѓа во одлична форма.
Шалке во последните пет кола има четири победи и едно реми, додека Дортмунд има четири порази и еден нерешен резултат.
На стадионот „Сигнал Идуна парк“ би требало да се одигра добар натпревар, бидејќи во минатото овие тимови имаа приредувано такви натпревари. Борусија сака да ја прекине лошата серија, додека Шалке сака да продолжи со низата добри резултати.
Натпреварот на програмата е денес, од 15.30 часот.

Најнови вести