Корисничко име Лозинка Пријави се
10.10.2012

„Газпром“ има клубови во шест европски лиги, стана сопственик и на ПАОК

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ ќе го прошири своето фудбалско влијание и во Грција. Откако за десет милиони евра купија 51 отсто од акциите, Русите станаа доминантни сопственици на ПАОК од Солун.

„Газпром“ е доминантен сопственик и на Зенит, а спонзор е и на Црвена ѕвезда, Челзи, Шалке и Витесе.
Ако продолжат вака, Русите ќе имаат доволно клубови и за своја сопствена лига.
ПАОК, клубот од Солун, последните неколку години е во првата четворка на грчкиот фудбал, по неприкосновените Олимпијакос и Панатинаикос од Атина. Годинава не успеа да се пласира во групната фаза од Лигата на Европа откако претходните две сезони играше во нокаут фазата каде двапати беше елиминиран во првото коло.

Најнови вести