Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2018

Задоцнето будење на Аурелио – На Наполи не му чини група со Ливерпул во ЛШ

Аурелио де Лаурентис негодува неколку дена по ждрепката за групите во Лигата на шампионите, а на сопственикот на Наполи му пречи статусот на Ливерпул

Контроверзниот сопственик на Наполи, Аурелио де Лаурентис со задоцнета реакција го коментираше составот на групата Ц во Лигата на шампионите. За познатиот филмски продуцент и фудбалски фанатик, кој вложува во Наполи, спорен е статусот на Ливерпул. Англискиот клуб беше во третиот барабан при извлекувањето на групите, му се падна на Наполи, заедно со Пари Сен Жермен и Црвена ѕвезда во една од најтешките групи во првата фаза во Лигата на шампионите.
„Ќе реагираме до УЕФА. Како може европскиот вицешампион Ливерпул да биде во третиот барабан по квалитет при извлекувањето? Тоа не е фер, ниту за нив, ниту за нас“, изјави Лаурентис.
Наполи ќе ја почне новата авантура во ЛШ на гостински терен, во Белград против Црвена ѕвезда на 18-ти септември.
Стандардно, пропласираните две екипи од сите 8 групи ќе играат во осминафиналето, а третопласираните ќе продолжат во Лигата на Европа.

 

Најнови вести