Корисничко име Лозинка Пријави се
09.10.2018

Еден месец пауза за Џејмс Милнер

Англичанецот ќе го пропушти дуелот со Црвена ѕвезда во ЛШ, а ќе биде под знак прашалник за повратниот дуел во Белград.

Џејмс Милнер ќе ја искористи репрезентативната пауза да закрепне од повредата на задниот дел на бутниот мускул, која ја заработи викендов за време на дербито против Манчестер сити. Англичанецот мораше да го напушти теренот по 29 минути игра, а од лекарскиот тим стравуваа дека се работи за сериозна повреда. Сепак, стравот е отфрлен откако е утврдено дека не се работи за скинати лигаменти, туку само мало оштетување на мускулот.

Оваа повреда ќе го натера Милнер да пропушти три до четири натпревари за „црвените“. На 20-ти октомври нема да игра против Хадерсфилд, а нема да биде во составот и четири дена подоцна, кога Ливерпул на „Енфилд“ ја пречекува Црвена ѕвезда во Лигата на шампионите. Потоа, на 27-ми октомври следи дуел со Кардиф во рамките на Премиер лигата, додека Милнер ќе биде под знак прашалник и за повратниот дуел против српскиот шампион во Белград.

Најнови вести