Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2018

Ливерпул е нов лидер во Премиер лигата

„Црвените“ минимално со 1:0 го победија Брајтон

Екипата на Ливерпул продолжува со победничката низа во англиската Премиер лига, откако вечерва на свој терен, минимално со 1:0 славеше против Брајтон. Со оваа победа Ливерпул се искачи на првото место на табелата и е единствен со девет бода по три одиграни средби. Единствено кој може да го следи Ливерпул со девет бода е Челзи кој утре игра на гости кај Њукасл. 
Мохамед Салах повторно беше клучниот играч за победа на Ливерпул. Најдобриот играч во Англија за минатата сезона, го даде единствениот гол, кој се покажа како доволен за трите бода да останат на „Енфилд Роуд“. 
По асистенција на Фирмино, Салах погоди во 23 минута. За египетскиот репрезентативец ова беше 29 погодок, постигнат на последните 29 меча кои ги има одиграно на домашен терен во сите натпреварувања. 
Брајтон се покажа како тежок ривал. Најдобрата шанса гостите ја пропуштија пред крајот на средбата, кога феноменално одбрани голманот на Ливерпул, Алисон. „Црвените“ се непоразени на последните 23 меча пред свoите навивачи (15 победи и 8 реми), а што е уште поважно, немаат примено ниту еден гол на седум средби во низа.

 

Најнови вести