Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2018

Ливерпул ги смачка „чеканите“

Навивачите на „Енфилд Роуд“ се радуваа на триумфот од 4:0

Ливерпул покажа дека сезонава ќе биде еден од главните фаворити за титулата во Премиер лигата, откако лесно и убедливо со 4:0 славеше во првото коло против Вест Хем. Навивачите на „Енфилд Роуд“ имаа можност да видат вистинска голеада и се радува четири пати. 
Најдобриот фудбалер на „црвените“, Мохамед Салах го отвори резултатот со погодок во 19 минута. Пред крајот на првото полувреме, Садио Мане зголеми на 2:0 и најави дека трите бода ќе останат во Ливерпул. Истиот играч во 53 минута зголеми на 3:0, додека конечните 4:0 ги постави Даниел Стариџ во 88 минута. Интересно е тоа што Стариџ влезе во игра 24 секунди пред да го постигне погодокот, што е еден од најбрзо постигнатите погодоци на играч кој влегол како резерва. 
Во вториот меч одигран од 14:30 часот во Премиер лигата, немаше голови. Саутемптон и Барнли ремизираа 0:0, што е првиот натпревар без погодоци во новата сезона. 
Попладнево во Премиер лигата останува да се одигра уште дербито меѓу Арсенал и Манчестер Сити. Шампионот ќе гостува на „топчиите“ во Лондон, а мечот започнува во 17 часот. Коефициентот за победа на Арсенал е 3.70, ремито вреди 3.80, додека за триумф на фаворитот Манчестер Сити, коефициентот е 1.90.

 

Најнови вести