Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2018

Ливерпул го пријави Салах на полицијата!

Најдобриот играч на „црвените“ возел и зборел на мобилен телефон

Челниците на Ливерпул го пријавија нивниот најдобар играч Мохамед Салах дека користел мобилен телефон додека возел автомобил, поминувајќи а во близина имало навивачи на тимот од „Енфилд Роуд“. 
И челниците на Премиер лигата  потврдија дека на полицијата и бил доставена видео снимка од англискиот тим. Сите очекуваат полицијата брзо да го разреши случајот. И Салах бил известен дека полицијата е известена за тоа што се случило. 
„Клубот имаше разговор со играчот и го извести дека полицијата е запознаена со целата ситуација. Полицијата доби и снимка и целиот случај ќе биде интерно решен“, се вели во соопштението од челниците на Премиер лигата. 
Иако Салах е најдобриот играч на Ливерпул, клубот сепак не го заштити бидејќи фудбалерот со тоа што возел автомобил и разговарал на теренот, можел да ја загрози безбедноста на навивачите на клубот. 

 

Најнови вести