Корисничко име Лозинка Пријави се
18.9.2018

Ливерпул на крајот се радуваше, Ѕвезда ремизираше со Наполи

Комплетиран е првиот ден од Лигата на шампиони

Роберто Фирмино погоди во судиското надополнување и донесе победничка радост за навивачите на Ливерпул во дуелот против Пари Сен Жермен, во првото коло од Лигата на шампиони. Англискиот првак славеше со 3:2 во најинтересниот меч, кој го оправда епитетот на дерби на денот. 
До победа со пресврт во судиското надополнување стигна и Интер против Тотенхем. „Нераѕурите“ губеа со 0:1, но на крајот се радуваа на победа од 2:1. Црвена Ѕвезда по речиси три децении е во елитата и успеа да освои бод. На дуелот во Белград, „црвено-белите“ одиграа без голови против фаворитот Наполи. 
Резултати: Барселона – ПСВ 4:0, Интер – Тотенхем 2:1, Бриж – Борусија Д. 0:1, Црвена Ѕвезда – Наполи 0:0, Галатасарај – Локомотив М. 3:0, Ливерпул – ПСЖ 3:2, Монако – Атлетико М. 1:2, Шалке – Порто 1:1. 

 

Најнови вести