Корисничко име Лозинка Пријави се
30.10.2012

ПАОК казнет со три натпревари пред празни трибини

Грчкиот ПАОК ќе игра пред празни трибини во наредните три натпревари од Лигата на Европа бидејќи Европската фудбалска унија му ја поништи жалбата за нередите на навивачите на средбата со Рапид во август.

„Рапид беше обвинет поради непристојно однесување на навивачите кои влетаа на теренот, палеа и фрлаа проектили, огномети и останати пиротехнички средства, а клубот недоволно добро го организира натпреварот“, се наведува во соопштението на УЕФА.
ПАОК ќе мора да плати и казна од 150.000 евра и ќе се соочи со исфрлање од европските натпреварувања ако инцидентот се повтори во наредните три години. Казната му е изречена поради нередите што се случија на 23-ти август во Солун, а австрискиот клуб соопшти дека навивачите на ПАОК, меѓу останатото, фрлале и со молотови коктели по навивачите на Рапид.
УЕФА претходно го казни и Рапид, кој доби еден натпревар пред празни трибини и парична казна од 75.000 евра.

Најнови вести