Корисничко име Лозинка Пријави се
12.2.2016

Дваесет и осум годишен тренер на клупата на Хофенхајм

Бундеслигашот Хофенхајм го назначи дваесет и осум годишниот Јулијан Нагелсман за нов тренер на тимот, соопштено е на интернет страницата.

Нагелсман потпиша договор до 2019 година и така стана најмлад тренер во историјата на Бундеслигата.
Младиот стручњак до сега успешно ги водеше само младите категории на Хофенхајм и со младинците беше и првак на Германија.
Тој го наследи Хуб Стевенс и ќе има тешка задача да ја задржи екипата во Бундеслигата, бидејќи во моментов се наоѓа на 19-тото место на табелата со само 14 бодови.

Најнови вести