Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2015

Едуардо Варгас го засили Хофенхајм

Чилеанскиот фудбалер Едуардо Варгас направи трансфер од Наполи во Хофенхајм за пет милиони евра и потпиша четиригодишен договор.

Варгас во Наполи стигна во 2012 година од чилеанскиот Универсидад, но немаше многу шанси во италијанскиот клуб, кој го испраќаше на заем во Гремио, Валенсија и Квинс парк ренџерс.
Тој ова лето му помогна на Чиле на домашен терен да го освои Купот на Америка, каде што беше најдобар стрелец со четири голови. Исто така, тој е избран во најдобрата постава.
„Забележителните настапи на Едуардо на Купот на Америка природно го привлекоа вниманието на клубовите од Европа. Среќни сме што се одлучи за Хофенхајм“, изјави спортскиот директор на клубот Александер Росен за германските медиуми.
Овој 25-годишен напаѓач постигна 22 гола на 48 настапи за репрезентацијата на Чиле.

Најнови вести