Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2018

Моќен Ливерпул, декласиран Наполи со „петарда“

Ливерпул го декласира Наполи во Даблин со 5:0 во контролен меч, што е претпоследна проверка за европскиот вицешампион пред стартот на англиската Премиерлига

Ливерпул го декласира Наполи во Даблин, со 5:0 во контролен меч што е претпоследна проверка за европскиот вицешампион пред стартот на англиската Премиерлига
Англискиот великан беше апсолутно надмоќен и со петарда го испрати ривалот од Италија. Голеадата ја почна Милнер во четвртата минута, само пет минути подоцна погоди и Вијналдум, а во второто полувреме по еднаш прецизни беа и Салах, Стариџ и Морено.
Ливерпул ќе игра уште еден меч со италијански противник, со Торино, пред стартот на новата сезона во Англија. Прв ривал во Премиерлигата ќе им биде Вест Хем на 12. август.
Серија А ќе почне на 18. август, а Наполи ќе ја почне новата сезона со дуел против Лацио.

 

Најнови вести