Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2018

Кулибали и Наполи ја продолжија соработката до 2023 година

Сенегалецот останува верен на Наполитанците

Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, официјално го продолжи договорот со клубот до 2023 година. Сенегалскиот репрезентативец со новиот договор ќе биде еден од најплатените фудбалери во Наполи, со годишна ззаработка од 3.5 милиони евра.

Со овој потпис се исполни една желба на Карло Анчелоти. Иалијанскиот стратег по пристигнувањето на „Сан Паоло“ имаше едно побарување, Кулибали да не биде продаден и при тоа да се осигураат дека во блиска иднина нема да замине. Претседателот Де Лаурентис го оствари тоа, кој секако немаше намера да го продаде одличниот одбранбен играч, кој во последниве неколку сезони е столбот на одбраната на Наполи.

Интересот за Кулибали беше огромен во последниве две години. Манчестер јунајтед, Сити, Челзи, Барселона, силно притискаа за да ги осигураат неговите услуги, но Де Лаурентис одолеа на милионските понуди, при тоа посочи дека не би го продал ниту за 100 милиони евра.


 

Најнови вести