Корисничко име Лозинка Пријави се
04.7.2018

Наполи му плати 30 милиони на Бетис за Руис

Младиот шпански репрезентативец Фабијан Руис Пења ќе прејде од Бетис во Наполи.

Италијанскиот калчолигаш ќе плати 30 милиони евра на Бетис, а фудбалерот од средината на теренот ќе потпише петгодишен договор вреден 2,5 милиони евра.
Руис ги помина лекарските прегледи во Неапол по што италијанскиот вицепрвак ја активираше откупната клаузула.
Дваесет и двегодишниот Руис е дете на Бетис, во првиот тим дебитираше во 201 година и минатата сезона одигра 35 натпревари и постигна три гола.
Покрај Бетис, настапуваше и како позајмен играч во Елче.

 

Најнови вести