Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2018

Каде се италијанските фудбалери?

Во првото коло од Серија А, бројот на странци кои настапиле е многу поголем од тој на домашните

Некомплетното коло во италијанската Серија А донесе една погубна статистика за италијанскиот фудбал. Во анализата на составите со кои викендов настапија 16-те тима, дури за 50 проценти поголем е бројот на странци отколку на домашни фудбалери. 
Во првата рунда на терен влегле точно 134 фудбалери кои се родени надвор од границите на Италија, а боите на своите тимови ги бранеле само 90 Италијанци.
Ако се направи подетална анализа на потеклото на странците, најбројни се Бразилците (14), а за истакнување е што во првото коло од Серија А играле фудбалери дури од 43 различни земји. 
Наполи на гостувањето кај Лацио играше само со еден Италијанец, а 13 странци. Карло Анчелоти од домашните сили, во игра го стави само Лоренцо Инсиње. За Интер играа 12 странци, а за Јувентус и Удинезе по 11.
Ова треба сериозно да ги загрижи челниците на Фудбалската федерација на земјата која е четирикратрен светски првак, а не успеа да се пласира на Мундијалот кој се играше летово. 

 

Најнови вести