Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2018

Наполи тргна со победа во Серија А под водство на Анчелоти

Минатогодишниот италијански вицепрвак освои три бода на тешкото гостување во Рим против Лацио

Наполи стартуваше со триумф над Лацио со резултат од 1-2 на „Олимпико“ стадионот во Рим, во рамките од првото коло во Серија А. „Лацијалите“ први се радуваа на погодок, во 25- тата минута прецизен за 1-0 беше златната копачка во Италија од ланската сезона, Чиро Имобиле.

Милик израмни на 1-1 пред самиот крај на првото полувреме, а целосниот пресврт на мечот во корист на Наполи го донесе Лоренцо Инсиње во 59-тата минута од средбата.

Најнови вести