Корисничко име Лозинка Пријави се
28.10.2015

Хофенхајм ќе го има најмладиот тренер во историјата на Бундеслигата

Фудбалерите на Хофенхајм од следната сезона ќе ги води најмладиот тренер во историјата на германската Бундеслига.

Клубот на официјалната интернет-страница објави дека сениорската екипа од сезоната 2016/17 ќе ја води 28-годишниот Јулијан Нагелсман, актуелниот тренер на јуниорскиот состав.
„И покрај тешката ситуација во овој момент, мораме да размислуваме и за иднината. Именувањето на Нагелсман покажува дека планираме работа на долги патеки, верни на филозофијата да се потпираме на таленти од нашиот младински погон“, изјави Петер Горлих, извршниот директор на клубот.
Хофенхајм со Нагелсман потпиша договор до 30-ти јуни 2019 година.
Клубот во понеделникот го именуваше Холанѓанецот Хуб Стевенс за нов шеф на стручниот штаб, откако Маркус Гиздол беше отпуштен поради лошите резултати.
Договорот на Стевенс му важи до крајот на сезоната, кога екипата ќе ја преземе Нагелсман, откако ќе ја добие неопходната тренерска лиценца.
Хофенхајм оваа сезона игра очајно и по десет одиграни кола, се наоѓа на претпоследното место на табелата на Бундеслигата само со шест бодови.

Најнови вести