Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2014

Подарок од навивач - 25 милиони евра!

Седумдесет и седумгодишниот милијардер Клаус Михаел Куне на челниците на Хамбургер им подари 25 милиони евра пред стартот на сезоната за да му помогне на клубот да ја засили екипата и да не дојде повторно во ситуација како во минатата сезона да се бори за опстанок.

Хамбургер е единствениот клуб кој од основањето на Бундеслигата во 1963 година секогаш играл само во елитниот ранг.
Според листата на Форбс, Куне е 119-от најбогат човек на планетата, со богатство од 7,9 милијарди евра. Куне богатството го стекнал во работи врзани за транспорт, а работата освен во Германија, ја развивал и во Швајцарија.
Роден е во Хамбург и од мали нозе навивал за Хамбургер, а сега сака да му помогне на клубот да застане на нозе и да се врати во врвот на германскиот фудбал. Сигурно е дека со 25 милиони евра челниците на Хамбургер ќе можат да купат двајца или тројца квалитетни играчи и да направат тим кој, за почеток, би се пласирал во горниот дел на табелата.

Најнови вести