Корисничко име Лозинка Пријави се
17.2.2014

Мирко Сломка нов тренер на Хамбургер

Фудбалскиот клуб Хамбургер за нов тренер го постави Мирко Сломка, соопшти бундеслигашот.

Четириесет и шестгодишниот Сломка на клупата на Хамбургер го замени Берт ван Марвек, кој е отпуштен поради лошите резултати, и екипата ќе ја предводи до средината на 2016 година.
Сломка досега седеше на клупата на Шалке (2006-2008) и Хановер (2010-2013 г.).
Хамбургер се наоѓа на претпоследното 17-то место со 16 бодови и има еден бод повеќе од Брауншвиг.

Најнови вести