Корисничко име Лозинка Пријави се
13.9.2016

Откровение на Бундеслигата: Погаѓа на седум и пол минути

Џоел Похјанпало, 21-годишниот Финец, беше јунакот на победата на Баер Леверкузен над Хамбургер минатиот викенд во Бундеслигата.

Тој во игра влезе во 72-рата минута и до крајот на натпреварот постигна хет трик и му донесе победа на својот тим.
Слично беше и во првото коло, кога од клупата влезе во 78-мата минута и само по една минута постигна погодок, но неговата екипа сепак изгуби од Менхенгладбах со 2-1.
Тоа значи дека младиот фудбалер само за пола час на теренот успеа да постигне четири гола, односно во стрелците се запишуваше на секои седум и пол минути.
„Напаѓач сум и само сакам да постигнувам голови на секој натпревар, од секоја шанса која ја имам. Не сум среќен ако не го сторам тоа“, изјави Похјанпало.
Тој во Баер стигна во 2013 година, а претходните две ги помина на заем во Фортуна Диселдорф. Репрезентативец на Финска е од 2012 година и на 18 натпревари постигна четири гола. Во Германија направи трансфер од финскиот Хелсинки.

Најнови вести