Корисничко име Лозинка Пријави се
14.9.2015

Пауза за Штранцл поради повреда на окото

Мартин Штранцл, капитенот на Менхенгладбах, ќе паузира меѓу шест и осум седмици откако му беше извршена операција на окото.

Штранцл се здоби со фрактура на коската на очната дупка и потрес на мозокот во поразот од 3-0 на домашен терен против Хамбургер.
Него во 65-тата минута од средбата со лакотот во лице го удри соиграчот Хавард Нортвејт, откако двајцата се бореа за топката во воздушниот дуел со Пјер-Мишел Ласога, напаѓачот на Хамбургер.
Штранцл, инаку, неодамна се врати од долгата пауза поради повреда на левото колено, поради која не играше од победата против Баерн од Минхен од 2-0 во март.
Борусија моментно е на дното на табелата со четири порази од четири натпревари. Тимот на Менхенгладбах го почнува натпреварувањето во Лигата на шампионите утре против Севилја.

Најнови вести