Корисничко име Лозинка Пријави се
19.5.2016

Арсенал ќе го доведе Џака за 35 милиони

Веќе со месеци се шпекулира за интересот на Арсенал за Гранит Џака, а „топчиите“ изгледа конечно направиле конкретен потег.

Иако не го именуваше клубот Борусија Менхенгладбах потврди дека добиле официјална понуда за 23-годишниот играч за врска.
Англиските и германските медиуми шпекулираат дека трансферот на швајцарскиот репрезентативец со потекло од Косово би можел да изнесува околу 35 милиони евра.
Џака веќе ги започна разговорите со челниците околу заминувањето од Борусија пред почетокот на Европското првенство во Франција (10-ти јуни до 10-ти јули).
Џака во Менхенгладбах пристигна во 2012 година од родниот Базел, а во последниот натпревар во сезоната во Бундеслигата доби овации од навивачите, бидејќи асистираше во победата над Дармштат кој ја однесе Борусија во квалификациите во Лигата на шампионите. 

Најнови вести