Корисничко име Лозинка Пријави се
26.6.2018

Шаќири, Џака и Лихтштајнер казнети парично

Репрезентативците на Швајцарија Гранит Џака, Џердан Шаќири и Штефан Лихтштајнер не се суспендирани по контроверзната прослава на головите на натпреварот со Србија.

Швајцарското трио беше под истрага на ФИФА поради провокативниот начин на прослава на головите, а многу медиуми шпекулираа дека би можело да се случи да бидат суспендирани за настап, што не се случи.
ФИФА продолжи со трендот на парични казни кои ги има од стартот на Првенството и на тројцата фудбалери им изрече казни во висина од пет до 10 илјади швајцарски франци.

Најнови вести