Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2018

Емери ги демантира караниците: Озил не играше поради здравствени проблеми

Стратегот на „топчиите“ ги демантираше шпекулациите дека Германецот не играл против Вест хем поради меѓусебна расправија

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери, по мечот со Вест хем истакна дека Месут Озил не настапи на тој меч поради што бил болен, демантирајќи дека постоела некаква расправија меѓу нив двајца.

Ако му се верува на бразилскиот медиум ЕСПН, наводно дошло го караница меѓу Емери и Озил откако Германецот дознал дека нема да биде во стартната постава, и побарал воопшто да не биде ставен меѓу оние кои чекаа шанса за настап од клупа.

„Месут е болен, тоа е единствената причина поради која не настапи. Можете да разговарате со нашиот доктор, тој подобро ќе ви објасни“, се обрати Емери кон новинарите на прес-конференцијата по мечот со „чеканите“.

Арсенал конечно по два порази на стартот од Премиер лигата, успеа да ја израдува публиката со победа на градскиот ривал.


 

Најнови вести