Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2018

Емери забрани пиење овошни сокови

Соковите да бидат заменети со вода, препорачува тренерот на Арсенал

Тренерот на Арсенал, Унаи Емери, ги исфрли овошните сокови од менито на фудбалерите на неговиот тим. Шпанскиот стручњак смета дека соковите, па дури и оние природните, имаат шеќер од овошјето и не треба да се пијат. Емери препорачува пиење обична вода.
Сето ова Емери го прави со цел тимот да биде во топ-физичка форма и да има подобри резултати од минатата сезона, кога под водство на Арсен Венгер имаа заостанување од 37 бода во однос на првакот Манчестер сити и беа поблиску до испаѓање отколку до титулата. 
Емери воведе поинтензивни и поинтересни тренинзи, има разговори лице в лице со секој играч посебно, и тоа се новини во Арсенал. Тренинг-сесиите се напорни бидејќи тактиката на Емери е висок пресинг, а тоа бара максимално добра подготвеност. 
Венгер им забрануваше на играчите да јадат брза храна и секаков вид алкохол, а ги форсираше да јадат печено пилешко месо, риба и варен зеленчук. Тој дозволуваше конзумирање јаглехидрати. 

 

Најнови вести