Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
12.7.2018

Арсенал продолжи да доведува млади Французи

Матео Гендузи, младиот фудбалски репрезентативец на Франција, официјално направи трансфер во Арсенал од Лориен, стои во соопштението на интернет-страницата на клубот.

Гендузи во новиот клуб ќе го носи дресот со број 29, но не се познати деталите на договорот.
„Мило ни е што ни се придружи Гендузи. Тој е млад талентиран играч и многу клубови покажаа интерес за него. Сака да учи и да ја унапреди својата игра. Ќе биде важен дел од нашиот тим“, изјави Унаи Емери, менаџерот на Арсенал.
Гендузи за првиот тим на Лориен настапи 30 пати, а дебитираше во октомври 2016 година, кога имаше само 17 години.

Најнови вести