Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2018

Арсенал го смени Венгер, но не и играта

Манчестер Сити без големи проблеми славеше против „топчиите“

Актуелниот англиски првак Манчестер Сити со триумф ја стартуваше одбраната на титулата во Премиер лигата. Во дербито на првото коло, „граѓаните“ на гости со 2:0 го победија Арсенал. За Сити ова е четврта победа во низа на Сити во дуелите со „топчиите“. 
Арсенал за прв пат по повеќе од две децении на клупата го немаше легендарниот Арсен Венгер, кој си замина пред неколку месеци. На клупата седна Унаи Емери, но играта на Арсенал не се промени. Лондончани делуваа пасивно и беа инфериорни против Сити. Фактот дека домаќините дури во 67 минута го изведоа првиот корнер, покажува за кој дел од теренот повеќе се играше и кој тим создаде повеќе шанси. 
Рахим Стерлинг го даде својот 50 погодок во Премиерлигата и во 14 минута ги доведе гостите во водство од 1:0. Победата на Сити беше потврдена со погодокот на Бернардо Силва во 64 минута. Со овој меч се комплетираше првото коло во англиската Премиер лига. 
Ливерпул е лидер благодарение на убедливата победа од 4:0 против Вест Хем, а потоа следат Челзи и Манчестер Сити.

 

Најнови вести