Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2018

Анри е најдобар напаѓач во историјата на Премиерлигата

Вака одлучија повеќе од 20.000 навивачи кои биле дел од анкетата

Легендарниот голгетер на Арсенал, Тиери Анри е избран за најдобар напаѓач во историјата на Премиерлигата, во гласањето на фановите во изборот на „Sportbible“. 
Во анкетата се нашле четворица докажани голгетери: Вејн Руни, Серхио Агуеро, Алан Ширер и Анри. Во конкуренција беа и Дидие Дрогба и Мајкл Овен, но овие двајца не успеаа да влезат во финалната серија на гласањето. 
Французинот кој блескаше во дресот на „топчиите“ доби убедливо најголем број на гласови. Дури 49 отсто од фановите својот глас го дале за Анри. Тој го носеше дресот на Арсенал во периодот од 1999 до 2007 година. Одигра вкупно 254 меча во Премиерлигата и даде 174 погодоци, а се радуваше на титулите во Премиерлигата во 2002 и 2003 година.
На второто место е Ширер со 36 отсто од гласовите, додека Вејн Руни заврши со 11 отсто од гласовите, а за Агуро гласале само 4 отсто од фановите. 

 

Најнови вести