Корисничко име Лозинка Пријави се
09.6.2016

Крамер потпиша петгодишен договор со Менхенгладбах

Фудбалерот на Баер Леверкузен Кристоф Крамер потпиша петгодишен договор со Борусија Менхенгладбах.

Крамер кариерата ја започна во вториот тим на Баер, во 2011 година потпиша договор со првиот тим, но веднаш беше проследен на позајмица во Бохум, каде помина една година. 
Тој од 2013 до 2015 година помина на позајмица токму во Менхенгладбах.
Крамер беше во составот на репрезентацијата на Германија која во 2014 година го освои Светското првенство во Бразил, но нема да игра на претстојното Европско првенство во Франција.
Управата на Борусија Менхенгладбах сака да ја засили средината на теренот по заминувањето на Гранит Џака во Арсенал.

Најнови вести