Корисничко име Лозинка Пријави се
28.12.2013

Хановер му даде отказ на Сломка

Германскиот бундеслигаш Хановер му врачи отказ на тренерот Мирко Сломка по серијата лоши резултати сезонава и падот во долниот дел на табелата.

Клубот од Јужна Саксонија минатата сабота беше поразен на гостувањето во Фрајбург (2-1) и во моментов е на 13 место со само четири бодови повеќе од местото кое води во бараж за опстанок.
„Ова не беше лесна одлука. Меѓутоа, моравме нешто да смениме во обидот клубот да тргне напред“, изјави спортскиот директор на Хановер, Дирк Дифнер.
Четириесет и шестгодишниот Сломка на клупата на Хановер беше од 2010 година, а договорот му важел до 2016 година.
Клубот соопшти дека новиот шеф на стручниот штаб ќе биде именуван во следните неколку денови.

Најнови вести